Дориан Бабунски уште еднаш покажа дека е во супер – форма, во фантастична форма. Имено попладнево во меч од елитната лига на Бугарија, нашиот репрезентативец стрелаше двапати во мрежата на Локо Пловдив и му помогна на својот Ботев Враца да победи со 2:4.
Македонецот едноставно “растура“ во Бугарија, досега сезонава постигна 10 голови и моментално се наоѓа на втората позиција на листата на стрелците.
Браво за Дориан. Токму затоа најголемите бугарки клубови просто се “тепаат“ за неговиот потпис.