Како да тимот на Барселона немаше доволно проблеми, па како капак на се доаѓа и повредата на Жорди Алба. Искусниот, 32. годишен крилен играч се повреди на мечот од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен. Страдаше мусклулот, и ќе паузира околу еден месец.
Тоа значи дека Барса ќе биде без Жорди Алба на мечевите против Осасуна, Елче и Севиља како и мечот против Бока Јуниорс на 14 декември кој се игра во чест на Диего Марадона.