Зидан го постави првиот услов на ПСЖ!

995

Зинедин Зидан преговара со ПСЖ и тоа не е тајна. Станува збор за договор, кој ќе стартува од јули, секако доколку Маурицио Покетино не биде сменет нешто порано. Аргентинецот ќе ја плати цената за лошата форма на тимот, како и неспособноста во составот да вклопи Лионел Меси.

Според тамошните медиуми, францускиот стратег побарал еден услов од раководството на клубот за да седне на клупата, но прашање е дали истиот можат да го исполнат.

Тој сака во тимот да го доведат Пол Погба ова лето, а исто така да се обидат да го вратат дома Бензема, но тоа не невозможна мисија, фудбалерот на Реал го продолжи договорот до 2023 година.

Килијан Мбапе сигурно ќе си оди, па ќе мора ПСЖ да најде нова замена.

Што се однесува до Меси, неофицијално, причината за слабите партии не е само Покетино, туку и семејни проблеми. Неговата сопруга и деца не се најсреќни во Париз, им фали Барселона, не се снајдоа најдобро во Франција.

ПретходноРоџерс: Конференциска лига? Не знам ништо за тоа натпреварување!
СледноНов проблем за Тотенхем, откажан меч и во Премиер-лигата