Кавадарци “гори“ за триумф над Брегалница!

650

До пред 7-8 месеци се “требеа“ во Втората лига, а утре ќе играат во дербито на Истокот во ПМФЛ. Тука мислиме на Тиквеш и Брегалница, две екипи кои утре во Кавадарци од 13 часот ќе го “отворат“ 18.коло или последно за оваа полусезона.

Тиквеш е во налет, Тиквеш предводен од Влатко Костов освои 13 бодови, претходно имаше само 2. За разлика од Тиквеш, екипата на Брегалница е во пад, формата оди во надолна линија. Повеќе од јасно е дека утре Кавадарци ќе “гори“, се најавува голема посета, се најавува жестока битка. Многу добро се знае дека Тиквеш и тоа како има нерасчистени сметки со “сините“ од времето кога и двете екипи играа во ВМФЛ.

За жал на сите во тимот, и на овој меч поради повреда не ќе може да настпи Симе Христов, еден од најдобрите фудбалери на Тиквеш, миленик на “Лозарите“.

Секако дека им посакувам многу среќа на моите соиграчи. Знам дека ќе го дадат својот максимум, и повеќе од тоа, само да ја победат Брегалница, инаку мој некогашен клуб. Ние ја респектираме Брегалница, тоа е добро организиран клуб, но јас верувам, сите ние во Тиквеш веруваме дека утре може да се победи тимот од Штип“ изјави за „Спортмедиа“ Симе Христов.

ПретходноРаиола кажа во кои клубови Халанд може да оди, четири се на број…
СледноГОЛ – ШОУ на Бабунски: Македонецот “растура“ во Бугарија! (ВИДЕО)