По поразот од Баерн, Чави отпишал тројца играчи

916

Барселона нема да игра во нокаут фазата во Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант и покрај големата верба, беше поразен од Баерн со 3-0 и европската сезона ќе ја продолжи во Лига Европа.

По овој дуел се очекуваат нови промени во клубот. Чави Хернандез бил бесен по поразот, во првите 30 секунди молчел, а потоа на дел од фудбалерите им порачал дека не заслужуваат да играат за Барселона.

Но, не е само ова. Спроед познатиот новинар Жерар Ромеро, тој на траснфер листата ќе ги стави Марк Андре Тер-Штеген, Френки Де Јонг и Сергино Дест, кои може ќе заминат за време на јануарскиот преоден рок.

Германскиот голман со години е во Барса, но по нивниот пролетен пораз од Баерн со 2:8 минатата сезона, тој не може да се врати на вистинскиот пат. Тој беше опериран на коленото, што исто така можеше да придонесе за неговата послаба форма.

Присуството на Де Јонг на оваа листа може да биде малку изненадувачки, но Холанѓанецот исто така игра под очекувањата и не му дава на тимот толку колку што му даде на Ајакс минатата сезона.

Барса по 15 кола е само седма во Ла Лига и заостанува шест бода зад Атлетико кој е четврти. Лидер е Реал со 39 бодови по 16 одиграни натпревари. Во следното коло Барселона гостува кај Осасуна. Доколку загуби, клубот од Памплона ќе го престигне клубот на Чави на табелата.

ПретходноКај Бајиќ не можеше да се избори за место, па дојде во Куманово
СледноМиркуловски прослави јубилеј во дресот на Вецлар