Хрватска без шанси за 1/4 финале по поразот од Шпанија

134

Женската репрезентација на Хрватска ги загуби шансите за пласман во четвртфиналето на Светското првенство откако доживеа пораз од домашната репрезентација Шпанија со 23:27. И покрај тоа што Хрватките имаат уште еден меч, со Австрија, немаат шанси за понатаму.

Инаку мечот помина во изедначена борба некаде до 15-тата минута, потоа следуваа три брзи исклучувања во хрватскиот тим и тоа го искористија Шпанките кои направија предност на полувреме од 12:9.

Потоа Шпанките ја држеа предноста  од три гола во целото второ полувреме и на крајот победија. Најдобра кај хрватскиот тим беше Валентина Блажевиќ со седум голови, а Ана Дебелиќ постигна три. За најдобра ракометарка на мечот е прогласена Ирене Еспиноза Перез со четири гола и пет асистенции, додека Александра Барбоса постигна шест голови.

Во четвртфиналето од оваа група покрај Шпанија патува и Бразил по триумфот над Аргентина.

Од групата 3 патници понатаму се Данска и Германија.

Данките ја победија Чешка, а Германките беа подобри од Јужна Кореја.

 

 

ПретходноПамплона погодена од невреме, мечот Осасуна-Барса се одложува!?
СледноПандев одигра цел меч, Џенова поразена од Сампдорија, Габијадини испиша историја (видео)