Шалке го победи Нирнберг со 4:1 во меч од 17. коло на втората Бундес лига. Тимот од Гелзенкирхен имаше добар настап и ја запиша деветтата победа. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше стартер, а го постигна третиот гол за потврда на новите три бода. Претходно учествуваше акцијата за водство на својата екипа од 1:0.
Инаку ова е негов прв гол во дресот на Шалке во германското второлигашко друштво.