Утре во Кавадарци се игра првиот натпревар од 18.коло во ПМФЛ. Брегалница му гостува на Тиквеш во најнезгодно време, и тоа по поразот дома од Работнички и поради тоа дека неколку стандардни првотимци се во “аут“.
Сепак тоа не ја намалува одлучноста во таборот на „сините“ да дојдат до добар резултат на ова тешко гостување за нив.
Јован Манев, младинскиот репрезентативец и еден од најдобрите во редовите на Брегалница за утрешното гостување истакнува:
“Посакуваме позитивен резултат од Кавадарци, со позитивен резултат да ја завршиме есента. Свесни сме дека тоа ќе биде тежок меч за нас, мора сериозно да пристапиме. Ни недостигаат голем број играчи, но лично верувам дека можеме до бодови во Кавадарци“ истакна Манев.