Стивен Џерард е икона на Ливерпул. Како фудбалер и како капитен на “редси“ секогаш беше миленик на фановите. И тој миленик утре во меч од Премиер – лигата ќе гостува на „Енфилд“ со својата Астон Вила. Да потсетиме дека пред неколку Џерард го презеде кормилото на тој клуб од Бирмингем.
“Нема што, ќе се обидам да го победам Ливерпул. Тука не дилеми.Се знае што значи за мене Ливерпул, се радувам за овој натпревар. За Клоп што да се каже, одличен тренер. Имавме добра соработка. Возбуден сум, овој меч за мене е во фокусот“ истакна Џерард.
Јирген Клоп пак во пресрет на утрешниот меч со Астон Вила истакна дека исто така го почитува Џерард и дека е убеден дека еден ден тој ќе стане менаџер на Ливерпул.