Како и на западот така и на истокот денеска се играат сите пет меча од 15коло, последно во есенската полусезона. Лидерот Слога (В) гостува во Струмица кај Беласица и ако сака цела зима да ја мине на првото место на табелата во ВМФЛ – ИСТОК ќе мора да освои најмалку бода. Имено Победа игра на свој терен во Прилеп и веројатно е дека ќе ги освои трите бода со ТИМ Локомотива. Разликата е три бода во корист на виничани, но прилепчани имаат многу подобра гол разлика. Новиот стратег на Победа Димитар Капинковски денеска ќе им се претстави на прилепчани, тој во минатото коло на гостувањето кај Осогово имаше успешно деби.
Во сенка на овие два меча се среќаваат и Кит Го – Саса, Кожуф – Братство и Детонит – Осогово.
ДВОЈКИ ЗА 15.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
КОЖУФ – БРАТСТВО
КИТ ГО – САСА
БЕЛАСИЦА – СЛОГА (В)
ДЕТОНИТ – ОСОГОВО
ПОБЕДА – ТИМ ЛОКОМОТИВА
ТАБЕЛА
1.СЛОГА (В) 32
2.ПОБЕДА 29
3.САСА 28
4.БЕЛАСИЦА 25
5.КИТ ГО 19
6.ОСОГОВО 18
7.КОЖУФ 17
8.ДЕТОНИТ 15
9.БРАТСТВО 7
10.ТИМ ЛОКОМОТИВА 6