Нестварна партија на грчкиот ѕвер, негативен рекорд на Далас и Дончиќ (ВИДЕО)

251

Кошаркарите на Милвоки го победија на гости Хјустон со 123-114 благодарение на Јанис Адетокумбо. Грчкиот ѕвер доминираше под обрачите на оваа средба, мечот го заврши со 41 поен, 17 скока, пет асистенции и две блокади.

Адетокумбо погоди 15 од 19 на овој натпревар. На другата страна Рокетси беа едноставно немоќни немаа решение за неговата игра.

Милвоки го запиша 17 триумф со 10 порази се наоѓа на третото место на табелата во Истокот, додека пак Хјустон оваа сезона се мачи, засега е на 13. место во Западната конференција.

Лука Дончиќ и Далас продолжуваат во темпото „топло-ладно“. Џејсон Кид и неговите избраници беа поразени од Индијана со 106-93. Пејсерси водеа речиси три четвртини, по што Далас со серија од 13-4 стигнаа на 80-75. Но, следеше нов налет на Индијана, за сигурен триумф.

Најголем проблем за Далас беше очјаниот шут за три поени (4/29), со истиот постанаа првиот тим во НБА-лигата, кој оваа сезона на три меча за три поени има реализација под 20%.

Дончиќ беше близу до трипл-дабл, дуелот го заврши со 27 поени, 9 скока и 9 асистенции, кои не беа доволни за победа. На другата страна Карис Леверт постигна 26 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Сакраменто 124: 123
Индијана – Далас 106:93
Атланта – Бруклин 105: 113
Торонто – Њујорк 90:87
Хјустон – Милвоки 114:123
Минесота – Кливленд 106:123
Њу Орлеанс – Детроит 109: 93
Оклахома – ЛА Лејкерс 95: 116
Феникс – Бостон 111:90

ПретходноГвардиола доби прашање за Халанд, погледнете ја неговата реакција
СледноЛапорта им се обрати на навивачите по елиминацијата во Лигата на шампиони (ВИДЕО)