Два меча од 10. коло во Првата лига се на дневен ред на денешната саботна понуда, и двата ќе бидат еднакво интересни. Битката за местата кои водат во Супер-лигата се разгорува, истата стана поинтересна по поразот на актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје од Феникс. Дебитантот по којзнае кој пат оваа сезона покажа дека се е возможно.
Дерби ќе се игра во Кавадарци. Таму Еуро Никел го пречекува Работнички (18 часот). Бодовите и тоа како се значајни за двата клуба. Најтрофејниот по триумфот над Кожув има шанса да се искачи на третото место на табелата и да се најде на бод зад МЗТ Скопје.
На другата страна, Еуро Никел, кој води тешка битка за првите шест позиции е во налет од три победи во низа. Кавадарчани се издигнаа по кризата, па сега немаат намера да застанат.
Претходно, Кожув ќе биде домаќин на Ангели, дуелот е закажан во 17:30 часот.
Претходно Пелистер лесно го реши Гостивар, додека МЗТ Скопје загуби од Феникс, колото ќе биде комплетирано утре.