FOTO> Twitter/Manchester City
Манчестер Сити со многу мака успеа да забележи победа во дуелот со Вулверхемптон во 16. коло на Премиер лигата. „Граѓаните“ триумфот го забележаа со гол од пенал на Стерлинг во второто полувреме откако имаа и играч повеќе. Во финишот на првото полувреме Вулверхемптон остана без Раул Хименез на „Етихад“ поради глупав потег. Доби два жолти картони за 30 секунди. Прво го повлече противникот и доби жолт картон, а потоа му попречуваше на Родри да го изведе слободниот удар поради што судијата му покажа и втор жолт картон и го испрати во соблекувалната.
Кај Вулверхемптон се поремети стратегијата, па во второто полувреме беа многу послаби.
Сити ја запиша 12-тата победа и е лидер на табелата, а Вулверхемптон е на осмото место.
45:50: Raúl Jiménez ve la amarilla por incordiar a Rodri
46:21: Raúl Jiménez ve la segunda amarilla por interrumpir el saque de falta de Rodri.Menuda expulsión absurda, y él lo sabe. pic.twitter.com/5sSj903kCP
— Manu Heredia (@ManuHeredia21) December 11, 2021