ФИФА се откажува од идејата да има Мундијал на секои две години, но ќе има Лига Нации!

128

Откако УЕФА и КОНМЕБОЛ одлучно ја отфрлија идејата на Арсен Венгер, поточно на ФИФА, за организирање на СП на секои две години, од Светската куќа на фудбалот “протекоа“ информации дека и тие самите се откажуваат од таа идеја.

Џани Инфантино сигурно е дека нема да оди против УЕФА и КОНМЕБОЛ, но затоа има намера да креира две нови натпреварувања.

Едната е да има Лига Нации на светско ниво. Она што УЕФА пред неколку години го воведе и се покажа како успешно, сега и ФИФА сака тоа да го прави, но на глобално ниво.

Втората идеја е Светското клупско првенство да биде глобална Лига на Шампиони. Останува да се види како на ова ќе реагираат засегнатите, пред се фудбалерите.

ПретходноАлкалоид моќно против Астраион за 11 победа
СледноВелковски и Ријека загубија од Горица, Стојановски остана на клупа