Челзи едвај против Лидс, Салах го спаси Ливерпул од пенал (ВИДЕО)

163

Во рамките од пладневната програма од Премиер лигата, и 16. коло од овогодинешниот шампионат трите фаворита кои играа на домашен терен ги оправдаа очекувањата.

Резлтатски пред се, но играчки не. Пред се тука се мисли на тимот на Челзи кој тримфираше со 3:2 над Лидс. Гостите не заслужија да загубат на овој меч затоа што поведоа преку Рафиња, израмни Маунт, но во вториот дел благодарение на двата пенали на Жоржињо „Сините“ дојдоа до конечни 3:2. Гостите имаа 2:2 преку голот на Гелхарт се до судиското продолжение, но тогаш беше досуден пенал за домашните, а Жоржињо денеска беше непогрешлив до белата точка.

Пенал одлучи и во Ливерпул

Ништо подобро не одигра ниту тимот на Ливерпул, па и нему му беше потребен удар од  белата точка за да дојде до триумф над Астон Вила. Мохамед Салах прецизен од оваа позиција во 67. минута и тоа  беше се од погодоците на овој меч.

Арсенал силно против Саутемптон

Најдобро попладнево одигра тимот на Арсенал кој на домашен терен успеа да слави над Саутемптон со 3:0. Лаказет, Одегард и Габриел погодија за „Топџиите“ кои впишаа важен триумф на своето конто.

ПретходноТриумф на Одермат во велеслаломот во Вал д’Изер
СледноБаерн со пресврт до нов триумф, Дортмунд не пројде во Бохум (ВИДЕО)