Шведска во последните секунди извади реми со Норвешка

144

Светските шампионки од 2015-тата, репрезентативките на Норвешка, имаа победа во рака на дуелот со Шведска, но на крајот во последниот вечерен меч од втората фаза на светското ракометно првенство во Шпанија одиграа само нерешено 30:30.  Големото скандинавско дерби заврши со гол на Шведска во последните моменти на средбата со што ја спречија Норвешка да ја оствари првата победа во втората фаза од натпреварувањето.

Одличен меч за Норвешка одигра Кристиансен која постигна 7 гола од 10 обиди, додека кај Шведска, Роберт и Линквист имаа по 6 погодоци. Норвешка остана на второто место во групата зад Холандија, додека Шведска е трета.

Полска, пак, обезбеди победа од 27:26 над селекцијата на Словенија, со која го остварија првиот триумф и ги освоија првите бодови во новата група. Полјачките беа подобри и водеа во текот на целиот натпревар.

 

ПретходноСамуел Ето е прв човек на камерунскиот фудбал!
Следно„Комити“ со порака до Вујо: Довидување, но никогаш збогум!