Екипата на РК Алкалоид продолжува во победнички ритам. Дебитантот во Првата лига дојде до 11. триумф сезонава, откако на гостински терен кај Астраион славеше со убедливи 17-44.
Домашниот состав имаше сили само 20. минути, по што ракометарите на Алкалоид го зголемија темпото, го наметнаа својот ритам. При 12-12 со серија од 6-0 на полувремето зголемија на 12-18. До крајот беше само чиста формалност, а домаќинот успеа да даде само пет гола.
Божидар Илиески со 11 и Михаил Ивановски со 10 постигнати гола беа најефикасни кај Алкалоид, на другата страна Ончев имаше пет гола.