Вардар со „тројка“ го поздрави Кадино!

822

Вардар немаше никакви проблеми поладнево на ФФМ на мечот со Кадино, во натпреварот од 15.коло во ПМФЛ. Познато е дека дури три меча беа одложени во оваа конкуренција, а дуелот меѓу Воска и Беса зпаочна нешто подоцна.

Вардар како што рековме одигра добро, успеа да победи со 3:0 и тоа со головите на Наумоски во 9.минута, Љамчевски во 33. и за крај Глишиќ во 45.минута.

Во второто полувреме вардарци рутинирано го чува водството, Кадино немаше сила нешто да стори.

ПретходноСтив Кер ќе биде новиот селектор на „Дрим тимот“ на САД
СледноПобеда е есенски првак во ВМФЛ – ИСТОК, Слога Виница убедливо поразена во Струмица