Вардар 1961 на рехабилитација пред дербито, дерби во Битола

1026

Денеска ќе се одиграат три дуели од 13. коло во Супер-лигата. Вардар 1961 ја продолжува трката за лидерското место на табелата со Е. Пелистер. Токму пред гостувањето кај битолската гордост, актуелниот македонски првак ќе има шанса да се рехабилитира и издигне по поразот од ППД Загреб во ЛШ.

Веселин Вујовиќ и неговите избраници денеска (17:30 часот) го пречекуваат Охрид на домашен терен. Првата средба оваа сезона заврши со минимална победа на „црвено-црните“ кои не смеат да го потценат противните доколку сакаат да ги освојат бодовите.

Во истиот термин, но во Битола, Е.Пелистер 2 го пречекува Металург. Тимот од Автокоманда е во налет, има три победи во низа, но и мотив повеќе, да му се реваншира на битолскиот состав за поразот во септември и да направи чекор напред кон шестото место на табелата. На другата страна избраниците на Александар Јовиќ имаат два порази во низа.

Прилеп – Пролет е последниот меч кој ќе се одигра денеска (18:30 часот), колото ќе биде комплетирано утре со мечот меѓу Скопје и Радовиш.

Вчера Бутел Скопје беше поразен на гости кај Тиквеш со 29-25, додека Е.Пелистер без проблем славеше против Струга (22-31).

ПретходноВМФЛ-ИСТОК: Виничани гостуваат во Струмица, Победа пред лесни три
СледноНашата гордост: Елмас ја “ЗАПАЛИ“ Италија!