Велковски и Ријека загубија од Горица, Стојановски остана на клупа

153

Дарко Велковски и неговата Ријека направија чекор назад сезонава во обидот да стигнат до највисок пласман. Предмалку на домашен терен загубија со конечни 1:2, од тимот на Горица.

Нашиот репрезетативен стопер ги одигра сите деведесет минути, но не успеа да спаси пораз, додека пак Влатко Стојановски кој се бори да се врати во националниот тим во моментов, остана на клупата и не доби минутажа.

Ријека сега по 19. кола има 37 бодови е лидер, но има и меч повеќе од Осијек, кој е втор со бод помалку. Горица пак е петта со 29.

 

ПретходноФИФА се откажува од идејата да има Мундијал на секои две години, но ќе има Лига Нации!
СледноВардар се загреа за дербито, Е. Пелистер 2 убедливо против Металург