Мисијата на Веселин Вујовиќ на клупата на Вардар, овој пат не траеше долго. По серијата од седум порази во низа, логично беше да се раздели со македонскиот првак, открива “g-sport.mk“.
Пресуди поразот од ППД Загреб, по кој Вардар 1961 падна на седмото место на табелата, кое не води во следната фаза.
Вардар 1961 денес игра меч од Супер-лигата против Охрид , сигурно ќе биде без Вујовиќ.
Промената во редовите на актуелниот македонски првак доаѓа и пред дербито во Битола против Е. Пелистер, кое Вардар мора да го добие доколку сака да биде на врвот.
На клупата на црвено-црните Вујовиќ дојде на место на Стевче Алушовски.