ВМФЛ-ЗАПАД: Силекс сака со стил да оди на пауза, Воска и Вардар пред нови победи!

424

Со мечевите од 15.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, денеска завршува есенската полусезона. Силекс гостува во Велешта, во меч во кој момците на Горазд Михаилов ќе одат по трите бода, едноставно кратовци сакаат со стил да ја завршат полусезоната. Досега никој ништо не им можеше на западот.

Воска Спорт дома против Беса посакува победа и три бода. Сака и натаму да има најмалку +3 бода во однос на Вардар. Сепак Беса не е за потценување, па така нема да им биде лесно на избраниците на Раде Цицмиловиќ иако тие се фаворити на хартија.

Вардар го дочекува Кадино, тимот кој е убедливо последен на табелата. Вардарци не би требало да имаат проблем. На останатите мечеви Кораби игра со Охрид на свој терен во Дебар а Гостивар го дочекува Тетекс.

ДВОЈКИ ЗА 15.КОЛО –ДЕНЕСКА (13 Ч)

ВЕЛЕШТА –СИЛЕКС

ВОСКА СПОРТ – БЕСА

ВАРДАР –КАДИНО

КОРАБИ – ОХРИД

ГОСТИВАР – ТЕТЕКС

ТАБЕЛА

1.СИЛЕКС 38

2.ВОСКА СПОРТ 29

3.ВАРДАР 26

4.КОРАБИ 19

5.ТЕТЕКС 18

6.ГОСТИВАР 17

7.ОХРИД 14

8.ВЕЛЕШТА 14

9.БЕСА 13

10.КАДИНО 6

ПретходноТиквеш – Брегалница: Битка за истокот… Костов ќе “удри“ против своите штипјани!
СледноЛапорта во акција: „Пајакот“ доаѓа во Барселона (ВИДЕО)