Воска не застанува, Охриѓани ја “размонтираа“ и Беса!

850

Воска Спорт едноставно не застанува. Успеа да ја победи Беса со 2:0 во меч од 15.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, меч кој започна половина час подоцна.

Стрелци на головите на победничкиот тим беа Гроздановски во 64.минута и Фета во 73.минута. По тешкиот терен на стадинот “Билјанини Извори“ во Охрид, момците на стратегот Раде Цицмиловиќ беа подобри и успеаја да дојдат до победата и многу важните три бода.

Сега по завршувањето на есенската полусезона, Воска Спорт и натаму има предност од три бода во однос на Вардар во битката за второто место на западот кое носи бараж за пласман во ПМФЛ.

Како што веќе информиравме, Вардар со 3:0 го победи Кадино, додека останатите три меча кои денеска беа одложени, ќе се одиграат во вторник.

ПретходноВерстапен на пол позицијата во Абу Даби
СледноСити ги победи „волците“ со гол од пенал, глуп потег на Хименез за црвен картон (видео)