Триумф над Беса со 2:0 и освоени нови три бода. Воска Спорт очекувано ја оправда улога на фаворит на дуелот со Беса, и затоа заслужено победи. Ова беше за тимот од Охрид последен меч во оваа, за нив, историска 2021 година. Прво влегоа во ВМФЛ-ЗАПАД, а потоа како дебитант успеаја да го освојат второто место, зад Силекс, но пред Вардар, нашиот најтрофеен клуб.
Ова е голем успех за сите во клубот, за играчите, за тренерот Раде Цицмиловиќ и раководството на клубот. Да се биде пред Вардар секако дека не е мала работа.
Затоа е и ова победничко селфи по мечот со Беса.