Вардар 1961 остана без тренер. По серијата од седум порази во низа Веселин Вујовиќ и раководството на клубот одлучија дека е време за разделба.
Засега нема најави за негова замена, а сега веќе екс-стратегот кратко објасни зошто си оди.
„Не може да се објасни дека ова веќе не е тој Вардар од пред неколку години. Но, тоа е – тоа, што да е прави? “, изјави Вујовиќ за g-sport.mk
„Јас секогаш се трудам својата работа да ја одработам најдобро што знам. Тоа и овде беше случај. Затоа и си одам со чиста совест“, изјави Вујовиќ.