Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола на вчерашната прес-конференција не сакаше да каже ниту еден збор за можното доаѓање на Ерлин Халанд во некои од следните преодни рокови.
Менаџерот на фудбалерот, Мино Раиола откри дека норвешкиот напаѓач размислува да ја напушти Борусија Дортмунд.
„Баерн, Реал, Барселона и Манчестер Сити се меѓу клубовите во кои Халанд би можел да ја продолжи својата кариера. Сити освои повеќе титули од Јунајтед во претходните неколку години“, изјави Раиола алудирајќи дека Јунајтед не е во игра.
Англиските новинари го прашаа дали клубот преговара со Халанд, но не добија одговор на ова прашање.
„Халанд? Следно прашање. Не ме прашувајте такви работи нема да ви одговорам“, кратко коментираше Гвардиола.