И на вториот меч под водство на Рангник, Манчестер Ј. слави со минималец (ВИДЕО)

180

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја остварија и втората победа во Премиер лигата под водство на новиот менаџер Ралф Рангник. Вечерва на гостувањето кај Норвич, „црвените ѓаволи“ со голот на Кристијано Роналдо од пенал во 75. минута успеаја да го однесат цел плен од гостувањето кај „канаринците“.

Осмата сезонска победа за Манчестер Ј. значи и израмнување на 4. место на табелата со екипата на Вест Хем, која утре му гостува на Барнли. Норвич, пак, останува залепен на последното место на табелата со 10 освоени бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноНедановски ќе го води Вардар до Нова Година, Вардар нема пари за скапи тренери!
Следно„Лилјаците“ и натаму во победничка серија (ВИДЕО)