Лесно, очекувано, без поголем напор, Вардар со 3:0 успеа да го победи Кадино и да освои три бода. „Комити“ со ново ШОУ на трибините на стадионот на ФФМ, имаа право да се радуваат на оваа победа, но не и на тоа како и каде Вардар ја заврши есенската полусезона. Вардар во ВМФЛ – ЗАПАД ќе презими како трет, и тоа позади Силекс и Воска Спорт и тоа без речиси никакви шанси за директен пласман во Првата лига на Македонија.