Лапорта во акција: „Пајакот“ доаѓа во Барселона (ВИДЕО)

516

Хулијан Алварез ќе биде зимското изненадување на Барса и новогодишниот подарок на Чави Хернадез од Жоан Лапорта.

Оваа информација во јавноста излезе пред неколку дена, но сега истата ја потврди и Фабрицио Романо.

Челниците на Барса во понеделник ќе отпатуваат за Аргентина на финални преговори со Ривер Плата, која не успеа да го убеди Алварез да потпише нов договор. 21-годишниот напаѓач е во последната година од договорот или поточно на 31 декември 2022 година.

Тој е убиствен напаѓач, постигна 21 гол на 44 натпревари за Ривер и додаде седум асистенции.

Откупната клаузула е 25 милиони евра, но Барса се надева дека Ривер ќе се согласи да го пушти за 15, бидејќи влегува во последната година од договорот.

Интересно е што во Аргентина го има прекарот „пајак“ бијдеќи на теренот изгледа како да игра фудбал со повеќе нозе од другите играчи.

ПретходноВМФЛ-ЗАПАД: Силекс сака со стил да оди на пауза, Воска и Вардар пред нови победи!
СледноВМФЛ-ИСТОК: Виничани гостуваат во Струмица, Победа пред лесни три