Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта им се обрати на навивачите за моменталната ситуација во клубот.
Причината за ова е поразот на каталонскиот гигант од Баерн во последното коло од групната фаза во ЛШ, како и елиминацијата од истото натпреварување. Барселона за првпат по 21 година ќе игра во Лига Европа.
„Со вас го делат разочарувањето по елиминацијата во ЛШ. Сите сме согласни дека мораме да донесеме нови играчи со кои ќе го засилиме тимот. Дел од фудбалерите ќе мора да заминат поради финансискиот фер-плеј, да останеме на буџетот кој ни е дозволен“, рече Лапорта.
Веќе извесно време се пишуваше дека Барселона е заинтересирана да го врати во клубот Дани Олмо, поранешен фудбалер кој Барселона ја замени со Загреб и неколку години играше за Динамо пред да се пресели во РБ Лајпциг каде што игра денеска.
„Нашиот проблем се големите договори кои ги наследивме, поради нив располагаме со ограничен буџет. Бараме начин да донесеме нови играчи во преодниот рок. Работиме на тоа и ќе успееме,
Сега повеќе од кога било мораме да гледаме во иста насока и да го направиме она што е најдобро за Барселона“.
Tot i les adversitats, reforçarem el primer equip. Ara més que mai, remem en la mateixa direcció pel bé del Barça. pic.twitter.com/4ntDklnFaM
— Joan Laporta Estruch🎗 (@JoanLaportaFCB) December 10, 2021