Екипата на Леванте повторно доживеа пораз овојпат на гостувањето кај Еспањол со 4:3 во 17. коло на шпанската Ла Лига. Седум гола паднаа во Барселона, но трите бода ги однесоа „папагалите“. Дардер во 6. минута го доведе Еспањол во водство, но до крајот на првото полувреме Леванте направи пресврт со головите на Де Фрутос и Сон.
На почетокот на второто полувреме Де Томас изедначи, а потоа Моралес повторно носи предност за Леванте од 2:3. Меѓутоа гостите не издржаа, Пуадо со два гола обезбеди триумф на Еспањол.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди играше до 84. минута.
Леванте и по 17. кола се уште нема победа во Ла Лига. Закован е на дното на табелата.