Милнер е во ТОП 4 фудбалери со најмногу настапи во Премиер лигата

342

Ветеранот во дресот на Ливерпул, Џејмс Милнер, денеска го одигра својот 573-ти меч во англиската Премиер лига. Тој вчезе во второто полувреме во победата над Астон Вила од 1:0 и стана четвртиот фудбалер во историјатана англиската фудбалска елита според бројот на одиграни натпревари.

Милнер го надмина поранешниот голман на Ливерпул и Манчестер Сити, Дејвид Џејмс (572) и застана на 4-тото место според бројот на настапите. Пред него се уште е далеку Френк Лампард кој има 609 премиерлигашки настапи, а на првите две позиции и натаму стојат Рајан Гигс (632) и Герет Бери (653).

ПретходноМоќно издание на Нант, Лазаров “пукна четворка”
СледноИбра го спаси Милан од пораз во Удине (ВИДЕО)