На три недели пред 37. роденден, Леброн Џејмс прави чуда (ВИДЕО)

144

Леброн Џејмс блеска иако е длабоко во навлезен во ветеранските години. Го предводеше ЛА Лејкерс до триумфот над Тандерс од 116-95, откако неговиот тим ги загуби претходните два меча против Оклахома.

За 35. минути постигна 35 поени со одлична реализација 13/20 и уште подобри 4/6 за три поени. На својот учинок додаде пет скока, шест асистенции, три украдени топки и две блокади.

Посебно фасцинира начинот на кој Леброн игра, се ослободува од противникот и поентира. За ова најдобар доказ е следната ситуација.

 

Како игра еден од најдобрите кошаркари на сите времиња говори и следниот податок: Леброн одигра 15 меча оваа сезона, на речиси половина од нив (7) п0остигна над 30 поени. Сето ова на три недели до неговиот 37 роденден.

 

ПретходноПоради снегот и лошите терени: Одложени се четири меча во ВМФЛ!
СледноВерстапен VS Хамилтон: Кој ќе биде победник во епската битка?