Победа е есенски првак во ВМФЛ – ИСТОК, Слога Виница убедливо поразена во Струмица

303

Во ВМФЛ – ИСТОК денеска се одиграа три меча, додека два беа одложени. Сепак главно е тоа што Победа славеше дома против ТИМ Локомотива со 4:0 и успеа да го искористи фактот дека Слова Виница на гости загуби од Беласица и затоа прилепчани во последен момент станаа есенски прваци и тоа поради подобра гол разлика. Досегашниот лидер загуби во Струмица со 3:0.

Саса на гости кај Кит Го славеше со 0:1, и сега табелата на врвот е Победа со 32, Слога В со 32 и Саса со 31.

Инаку останатите два меча Кожуф – Братство и Детонит – Осогово се одложени за во вторник.

ПретходноВардар со „тројка“ го поздрави Кадино!
СледноВерстапен на пол позицијата во Абу Даби