Ракометарите на Прилеп извојуваа голема победа во мечот од 14. коло од Супер лигата денеска на домашен терен против екипата на Т. Пролет. Прилепчани славеа со 27:24 во меч во кој скоро во целиот тек имаа водство.
Во последниот дел од мечот домашните имаа три гола разлика, но гостите успеаја да се вратат на минус еден (24:23). Сепак, до крајот на мечот домашните успеаја да ја задржат свежината и да ја вратат предноста за победа.
Чантурија со 6 и Шоковски со 5 гола беа најефикасни кај домашените. Кај гостите левото крило Палевски постигна 6 гола.