Работнички без странците се распадна во второто полувреме во Кавадарци

230

Работнички не успеа да го добие дербито на 10. коло во Првата лига, на гостувањето кај Еуро Никел беше совладан со 99-77. Кавадарчани на сметка на најтрофејниот кошаркарски колектив дојдоа до четвртата победа во низа, вкупно петта и направија голем исчекор кон првите шест места на табелата.

На оваа средба тренерот Тони Симиќ не играше со странските кошаркари, па причината за поразот е јасна.

Еуро Никел дуелот го доби благодарение на добрата игра во третата четвртина, ја доби со 35-20 и во решавачките десет минути влезе со позитива од 76-65. Кавадаречкиот состав не застана во исто темпо продолжи до самиот крај, гостите едноставно немаа решение за противникот.

Претходно дуелот мина во изедначена битка, а Работнички беше тимот кој на полувремето имаше предност од 41-45.

Џекиќ со 24 поени и 7 скока беше лидер, Дубински и Калахан имаа по 14 поени, Соколов беше стрелец на 13 поени. Златевски и Марковски заедно постигнаа 47 поени.

Претходно Кожув ја искористи предноста на домашен терен, славеше против дебитантот Ангели со 105-67 и ја направи трката за Супер-лигата уште поинтересна. Симоновски со 22 поени и 7 скока го предводеше гевгелискиот состав, зад него беше Вилијамс со 19 поени.

ПретходноЗвезда се врати од „мртвите“ против Крка (ВИДЕО)
СледноЈувентус се „удави“ во Венеција, одигра само 1:1 (ВИДЕО)