Легендата на камерунскиот и африканскиот фудбал, Самуел Ето, денеска беше избран за претседател на Фудбалската федерација на Камерун. На изборите денеска, тој со 42 гласа „за“ наспроти 31 за неговиот противкандидат, Сејду Мбомбо Нјоја, стана нов претседател на федерацијата.
Неговата победа е дотолку поголема, ако се знае дека за актуелниот претседател Нјоја имаше и голема политичка поддршка од тамошните власти.