Тиквеш – Брегалница: Битка за истокот… Костов ќе “удри“ против своите штипјани!

379

Денеска од 13 часот се игра првиот меч од 18.коло во ПМФЛ, коло со кое и завршува есенскиот дел од тековната сезона 2021/2022. Во Кавадарци ќе “врие“, се спрема спектал, ова ќе биде БИТКА ЗА ИСТОКОТ по којзнае кој пат. Овие два тима имаат нерасчистени сметки уште од кога играа во Втората лига. Ова е меч за вистинско фудбалско уживање, се најавуваат и полни трибини. “Лозарите“ не кријат, сакаат победа над лутиот ривал кој е во мала криза, додека Тиквеш од меч во меч игра се подобро и подобро.

Ова ќе биде и меч со многу емоции. Имено стратегот на кавадарчани Влатко Костов ќе мора да “удри“ против своите штипјани, а знаејќи го како голем професионалец секако дека ќе даде се од себе неговиот состав да победи денеска на свој терен.

Инаку ова е важен меч и поради фактот дека е последен во есенската полусезона, во годината, па и во двете екипи ќе се “мери“ цела полусезона по овој меч. Посебно во Брегалница во која во последно време игрите и резултатите не се на ниво на желбите на фудбалски Штип.

Но тоа е нивна работа. Во Тиквеш сакаат победа и поради фактот дека по мечот ќе се објави новиот спонзор на клубот, па секако дека со победа Тиквеш ќе сака да се претстави во што подобро светло.

Па така денеска Кавадарци ќе биде центар на случувањата во фудбалска Македонија.

ПретходноЛапорта им се обрати на навивачите по елиминацијата во Лигата на шампиони (ВИДЕО)
СледноВМФЛ-ЗАПАД: Силекс сака со стил да оди на пауза, Воска и Вардар пред нови победи!