Фиорентина грабнa три бода, Влаховиќ погодуваше за историја

385

Екипата на Фиорентина со 4:0 ја совлада Салернитана во 17. коло на Серија А. Бонавентура го отвори резултатот, а зголеми Душан Влаховиќ со два гола. Последниот го даде Малех. Со тоа српскиот голгетер стана најдобриот стрелец на Фиорентина во една календарска година и само трет фудбалер во најдобрата италијанска лига кој реализирал 30+ голови. Влаховиќ постигна 32 гола во 41 натпревар еден повеќе од Лука Тони со 31 гол во 2005 година, а прв е Кристијано Роналдо со 33 гола во 2020 година.

ПретходноЛара Гут Бехрами победи во супервелеслаломот во „Ст. Мориц“
СледноВујовиќ: Си одам со чиста совест, Вардар не е истиот!