Утре со мечот во Велес на гости кај Борец, завршува есенската полусезона за лидерот на табелата во ПМФЛ, тимот на Шкупи, како и за сите останати екипи во нашата елитна лига.
Чаирчани секако дека посакуваат со триумф да ја завршат година, а тоа го потврдува и Фреди Алварез, одличниот играч од средниот ред кој во средата против Шкендија во 89.минута постигна фантастичен гол за конечни 1:1
“Сесни сме дека тоа ќе биде тежок меч за нас. Сепак ние не само што мораме туку и сакаме да дојдеме до победа, до тие три бода со кои ќе ја задржиме разликата во однос на останатите екипи на табелата“ заклучи интернационалецот од Костарика.