Возачот на Ред Бул Макс Верстапен ќе стартува од пол позицијата на „Јас Марина“ во Абу Даби за ГН на ОАЕ. Холанѓанецот беше подобар од Британецот на денешните квалификации.
Двајцата влегуваат во трката со ист број на поени во генералниот пласман, а Макс сега ја има пол позицијата и шансата за победа. Возачот на Мерцедес и актуелен светски првак Луис Хамилтон ќе стартува како втор, а понатаму во гридот се Ландо Норис, Серџо Перес, Карлос Сајнц и Валтери Ботас.
„Чувството е одлично. Среќен сум поради ова затоа што ова е тоа што го сакаме, но не е лесно посебно што ривалот е во форма во последните неколку трки“, изјави Верстапен.
Инаку ова е 10-ти „пол“ за Макс сезонава.