Фантастично дерби на врвот во женската Прва лига вечерва во Струмица одиграа екипите на Наковски Волеј и Работнички. По голема борба, дури петтиот, тај-брејк, сет одлучуваше за конечниот победник.
Наковски Волеј почна одлично и тесно дојде до освојување на првиот сет, но во наредните два Работнички покажа сила и со убедливи резултати дојде до пресврт за водство од 2:1 во сетови.
Во четвртиот сет Наковски Волеј потсети на првиот и со идентични 25:23 успеа да израмни на 2:2 и да се избори за одлучувачки петти сет. Во него гостинките од Скопје беа подобри и со 15:11 ја заверија победата која ги остава убедливо на првото место на табелата.
Очекувани победи остварија Јанта Волеј КВ и Струмица, а изненади Фит Фан Волеј кој со победата остварена во ова коло се искачи на 5. место на табелата.
Прва лига, жени – 13. коло
Наковски Волеј – Работнички 2:3 (25:23, 16:25, 13:25, 25:23, 11:15)
Пелистер В. – Струмица 1:3 (17:25, 14:25, 26:24, 22:25)
Фит Фан Волеј – Универзитет во Тетово 3:1 (9:25, 25:17, 25:22, 25:21)
Јанта Волеј КВ – Вардар 3:0 (25:13, 25:14, 25:18)
ТАБЕЛА: 1. Работнички 37, 2. Наковски В. 34, 3. Струмица 29, 4. Јанта Волеј КВ 26, 5. Фит Фан В. 12, 6. Пелистер В. 10, 7. Универзитет во Тетово 8, 8. Вардар 0.