Колку пари – толку музика: Странците во Работнички не простуваат долгови

1199

Екипата на Работнички се соочува со голем проблем. Најтрофејниот кошаркарски колектив и натаму се соочува со тешка финансиска состојба. И оваа сезона странските кошаркари не простуваат доцнење на плати, па макар клубот тоа да го чини пораз.

Вечерва на гостувањето кај Еуро Никел, Работнички беше убедливо совладан со 95-77. Причината за поразот е штрајкот на странците во редовите на „црвено-белите“. Џексон, Мустафица, Лорис и Мацура не одиграа ниту минута, се додека клубот не ги подмири обврските кон нив, тие нема да играат.

СПОРТМЕДИА дознава дека клубот им должи плата и пол, што пак не е премногу за да направат ваков радикален чекор.

Работнички од сето ова загуби многу, можеше да дојде до нови бодови со кои ќе се доближеше до градскиот ривал МЗТ Скопје на само еден бод.

ПретходноЈувентус се „удави“ во Венеција, одигра само 1:1 (ВИДЕО)
СледноНедановски ќе го води Вардар до Нова Година, Вардар нема пари за скапи тренери!