Нант дојде до нова победа во францускиот шампионат. Тимот за кого настапува Кирил Лазаров на домашен терен го совлада Шамбери со убедливи 38-29 и дојде до деветтиот триумф во низа.
Со скор од десет победи, реми и два порази, Нант остана на второто место на табелата зад ПСЖ.
Најдобриот македонски ракометар и селекторот на националниот тим, постигна, сите ги запиша во второто полувреме.
Нант победата ја обезбеди во второто полувреме, претходно на одморот имаше предност од еден гол (18-17).
Прв стрелец беше Ривера со десет гола од исто толку обиди.