Поради снегот и лошите терени: Одложени се четири меча во ВМФЛ!

803

Тоа е Македонија. Штом падне снег, некoј посилен дожд, едноставно нема услови за игра. Па така на неколку минути пред стартот на мечевите од 15.коло во двете втори лиги и официјално се одложени четири меча. Имено нема услови за игра на средбите Кожуф – Братство, Детонит – Осогово на истокот и средбите Велешта – Силекс и Гостивар – Тетекс.

Овие натпревари се презакажани за во вторник (14.12.2021) во 13 часот.

ПретходноНеверојатно: Постигна гол а не беше во игра! (ВИДЕО)
СледноНа три недели пред 37. роденден, Леброн Џејмс прави чуда (ВИДЕО)