Работнички не успеа да го добие дербито на 10. коло во Првата лига, на гостувањето кај Еуро Никел беше совладан со 99-77. Кавадарчани на сметка на најтрофејниот кошаркарски колектив дојдоа до четвртата победа во низа, вкупно петта и направија голем исчекор кон првите шест места на табелата.
На оваа средба тренерот Тони Симиќ не играше со странските кошаркари, па причината за поразот е јасна.
Еуро Никел дуелот го доби благодарение на добрата игра во третата четвртина, ја доби со 35-20 и во решавачките десет минути влезе со позитива од 76-65. Кавадаречкиот состав не застана во исто темпо продолжи до самиот крај, гостите едноставно немаа решение за противникот.
Претходно дуелот мина во изедначена битка, а Работнички беше тимот кој на полувремето имаше предност од 41-45.
Џекиќ со 24 поени и 7 скока беше лидер, Дубински и Калахан имаа по 14 поени, Соколов беше стрелец на 13 поени. Златевски и Марковски заедно постигнаа 47 поени.
Претходно Кожув ја искористи предноста на домашен терен, славеше против дебитантот Ангели со 105-67 и ја направи трката за Супер-лигата уште поинтересна. Симоновски со 22 поени и 7 скока го предводеше гевгелискиот состав, зад него беше Вилијамс со 19 поени.