Реј Ален: Ќе бидам на натпреварот кога Кари ќе го собори мојот рекорд

381

Двократниот шампион во НБА лигата, Реј Ален, најави дека планира да присуствува на натпреварот на кој Стивен Кари (Голден Стејт) ќе го надмине неговиот рекорд за најмногу погодени шутеви за три поени.

„Имав среќа затоа што го соборив рекордот на Реџи Милер во Бостон против ЛА Лејкерс кога Реџи беше во арената. Така што ќе биде сосема соодветно да се најдам таму. Не знам каде ќе се случи тоа, но морам да го гледам тој меч“, рече Ален.

На Стеф Кари му недостасуваат уште 10 тројки за да го надмине рекордот на Реј Ален и да се искачи на првото место во историјата на НБА за најмногу погодени тројки во кариерата.

ПретходноИбра го спаси Милан од пораз во Удине (ВИДЕО)
СледноКлоп откри кого сака да види на неговото место во Ливерпул