Стив Кер ќе биде новиот селектор на „Дрим тимот“ на САД

223

Тројниот НБА првак со Голден Стејт Вориорс, Стив Кер најверојатно ќе биде наследникот на Грег Попович на клупата на американската кошаркарска репрезентација, јавува ЕСПН. Кер ќе го предводи „Дрим тимот“ на САД чија главна цел ќе биде триумф на Светското првенство 2023 година кое ќе се одржи на Филипините, во Јапонија и Индонезија, како и турнирот на Олимписките игри во Париз една година подоцна.

Се очекува негови помошници да бидат Монти Вилијамс, Ерик Споелстра и Марк Фју. Инаку Кер претходно му беше асистент на Попович во репрезентацијата па ова некако е природна промоција.

ПретходноКавадарци тагува: Брегалница ја доби “Битката за Истокот“! (ВИДЕО)
СледноВардар со „тројка“ го поздрави Кадино!