Екипата на Јувентус не успеа да слави на гостувањето кај Венеција во рамките од 17. коло од Серија А, и одигра само 1:1, со што само си ја продлабочи резултатската и играчка криза.
Јуве поведе со голот на Мората во 32. минута, но во вториот дел одигра катастрофално па прими гол уште во 55. минута. Гостите иако се далеку поквалитетен тим, сепак до крајот на мечот не успеаа да постигнат уште еден гол и да слават на ова гостување каде што реалено за нив победата беше императив.
Со овој бод, Јувентус е шести со 28 бода, додека пак Венеција е 16. со исто толку бодови.