Академија ФМП со шанса за голем „скок“, ТФТ мора да се разбуди

127

Последните два натпревари од десетото коло во Првата лига ќе се одиграат денеска. Во центарот на вниманието е мечот во Кисела Вода, Академија ФМП е домаќин на ТФТ, дуелот е закажан во 19 часот со директен пренос на МТВ.

Избраниците на Александар Петровиќ имаат шанса да се искачат на третото место на табелата во прволигашкото друштво. По девет одиграни меча имаат 15 бодови, па жешката трка за првите шест позиции, победата ќе значи голем исчекор во исполнување на оваа мисија.

ФМП има право да се надева на триумф против ТФТ, зад себе ја има добрата партија против Гостивар, како и мотив плус, да му се реваншира на противникот за поразот на стартот на сезоната.

На другата страна во ТФТ падна ритамот. Тимот од Тафталиџе има три порази во низа во домашниот шампионат, па нема право на кикс. Време е да се издигне и да се врати на старите добри партии. Има 14 бода и шанса да напредува на табелата доколку го освои целиот плен.

Пред овој меч, Куманово го пречекува вториот тим на МЗТ Скопје (18 часот). Домаќинот ќе биде освежен во составот, најавено е дебито на Американецот Фреди Мексвејн.

ПретходноПолувреме: Водство на Шкупи и Македонија ЃП, фаворитите во Тетово и Струмица се мачат!
СледноБрињоне најдобра во Сент – Мориц, Гут-Бехрами со страшен пад! (ВИДЕО)